Интернет
Апликации за подобра интернет врска
Кога ви треба брз интернет, а конекцијата на смартфонот е слаба, корисно е при рака да имате некои од овие апликации за Андроид.
Google Go е верзија на добро познатата апликација на Гугл, прилагодена за Андроид оперативниот систем. Смарт-програмата има вградено гласовно управување и избор на јазик.
Datally е алатка за следење и уредување податоци, поддржан од вештачка интелигенција. Овозможува и блокирање апликации и сервиси кои ви ги „крадат” податоците, како и приказ на најблиските ви-фи мрежи.




