Creative
А1 Македонија воведува нови канали – Eurosport, Discovery и TLC бесплатно на Xplore TV
А1 Македонија со големо задоволсво најавува збогатување на содржините на А1 Xplore ТV со нови, атрактивни ТВ канали со што корисниците добиваат можност за уште поголемо уживање и следење на омилените содржини и тоа бесплатно.
Од денеска, сите корисници на А1 Xplore ТV добиваат можност да ги следат спортските содржини на Eurosport 1 и Eurosport 2 и да ги следат случувањата во тенисот, скијање, снукер, Олимпијада 2024 и многу други спортови, да уживаат во истражувачките емисии на Discovery и најавените премиери за оваа година, како и во содржините на TLC и DaVinci Learning програмите.
“А1 Македонија континуирано работи на воведување нови производи и услуги, но и подобрување на производите и услугите кои ги нуди. Новата година ја започнуваме со освежување на A1 Xplore TV со воведување ТВ канали. И овојпат ја докажуваме нашата посветеност на следење на барањата на корисниците и овозможување повеќе забавни содржини. Остануваме на нашата заложба за континуирано усовршување на ТВ искуството на нашите корисници и воведување нови атрактивни производи во портфолиото во периодот што следи”, изјави Елена Панова, директорка за маркетинг и дигитална трансформација во А1 Македонија.



