Историски успех: Прв пат електричен автомобил на врв во продажбата во Европа – Tesla Model 3
Во првпат во историјата, еден од најпродаваните модели на автомобили стана електричен. Според извештаите, моделот Tesla Model 3 го освои топ местото во продажбата на нови возила во Европа во текот на минатата година. Иако се очекуваат конечните податоци, предвидениот Топ 5 ги вклучува и Dacia Sandero, Volkswagen T-Roc, Peugeot 208 и Renault Clio, сите меѓу најпродаваните модели во Европа за 2023 година.
Во текот на 2023 година, европскиот пазар на нови автомобили регистрираше раст од 13,9%, со вкупно 10,5 милиони продадени возила, како што соопшти Здружението на производители на автомобили АЦЕА. Растот на продажбата се однесуваше на сите пазари во ЕУ, освен во Унгарија каде е забележан мал пад од 3,4%.
