Актуелно
А1 Македонија се вклучи во иницијативата “Social Day!” и ги отвори вратите за 15 млади и амбициозни средношколци
А1 Македонија со имплементација на ESG во својата стратегија се залага за животната средина, социјалното и корпоративно управување.
Како дел од своето залагање кон заедницата компанијата се вклучи во иницијативата “Social Day!” и на еден ден им ги отвори вратите на 15 млади и амбициозни средношколци кои сакаат да се запознаат со работната култура и основите на работење на една корпорација.
Иницијативата е организирана од страна на Здружение на граѓани „Младите можат“, а со поддршка на А1 Македонија, преку уникатен и систематски пристап им дава можност на младите средношколци еден нормален училишен ден да го заменат со посета на компанијата, да осознаат како изгледа еден работен ден на одредена позиција, да се запознаат со водечките вредности и корпоративната култура.



