Технологија
А1 Македонија најави финално тестирање на 5G мрежата во Скопје
А1 Македонија со задоволство ја информира јавноста дека постави 5G мрежа во центарот на Скопје за финално тестирање, со што компанијата со најголем број корисници на мобилна телефонија и најбрз мобилен интернет е чекор поблиску до комерцијално воведување на 5G технологијата за сите корисници.
“Поставувањето на тестната 5G мрежа е уште еден доказ за нашата посветеност и стратешката определба за креирање и воведување најсовремени дигитални решенија, кои овозможуваат нови и напредни дигитални искуства на корисниците. Ова е само почеток на новата индустриска револуција, а 5G е горивото на кое таа работи. Продолжуваме понатаму со интензивни активности за што побрза имплементација на оваа технологија за комерцијална употреба”, изјави Методија Мирчев Извршен директор на А1 Македонија.
Новата 5G мрежа ќе овозможи поголема брзина и поголем капацитет, помала латенција и поголема мрежна покриеност во преносот на податоци за кои корисниците веќе и сега имаат реална потреба. Со ова финално тестирање достигната е брзина од 1Gbps за пренос на податоци, реализирано на мобилен телефон кој поддржува 5G мрежа.




