Битола станува плоден полигон за старт ап идеи на млади
Дваесет млади учесници на настанот за акцелераторската програма од проектот Employouth ги претставија своите иновативни бизнис планови пред комисијата на евалуатори и потенцијални инвеститори кој се одржа во Битола на Факултетот за информатички и комуникациски технологии (ФИКТ).
Битола интензивно работи на развој на старт ап сцената и со овој проект докажува дека стартапите се почетоци на бизниси кои ако се добро организирани и менторирани од почеток, можат да доживеат значаен успех.
„Старапите се оние кои внесуваат оригиналност, иновативност и свежи идеи кои го менуваат светот. Сетоа тоа го прават брзо и со минимални трошоци зошто се со концепт да станат успешни компании. Тоа е начин на размислување кој ветува успех и токму тоа секој претрпиемач треба да го има”, поентираше проф. Д-р Игор Неделковски, проректор за наука на Универзитетот Св Климент Охридски.



