Creative
Startup Weekend повторно во Скопје!
Techstars Startup Weekend Скопје e настан кој им дава шанса на сите млади амбициозни луѓе да ги развијат и реализираат своите бизнис идеи, и повторно ќе се одржува во Скопје.
За време на викендот 29 ноември – 1 декември во просториите на Инофеит, 50 млади креативци и иноватори ќе работат заедно на нови бизнис решенија, ќе ги развиваат и тестираат- и тоа за само 52 часа. Покрај тоа, ќе се запознаат со успешни професионалци од различни полиња кои ќе бидат нивни ментори на настанот и ќе им дадат вредни совети и насоки.
Настанот Techstars Startup Weekend е поддржан од Google for Entrepreneurs и се одржува во 150 земји ширум светот. Досега се организирани скоро 3000 настани на кои се развиени повеќе од 24.000 идеи. Македонија е дел од ова глобално движење, и оваа година, по 8-ми пат ќе се одржи Startup Weekend во Скопје.





