Sci-fi
ЕСО најави „револуционерно откритие“ поврзано со Вселената
Европската јужна опсерваторија (ЕСО), чие седиште е во германскиот град Минхен, в понеделник ќе објави „револуционерно откритие кое се однесува на астрономски феномен што никогаш претходно не бил забележан”.
Откритието, што се чува како тајна се до конференцијата за новинари закажана за 16 октомври, се однесува на гравитациските бранови. На неа ќе говорат научници од „Вирго Колаборејшн“, кои работеа на т.н. ЛИГО експеримент, заедно со 70 опсерватории од целиот свет.
Официјалното претставување на откритието ќе се случи во САД, Велика Британија и Германија, со почеток во 16 часот по средноевропско време.



