Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Само 21 отсто од домашните компании овозможуваат он-лајн продажба

Интернет

Само 21 отсто од домашните компании овозможуваат он-лајн продажба

Околу 49 отсто од деловните субјекти во Македонија имаат веб-страница. Од нив 80 проценти нудат опис на производите/услугите и ценовници, 59 отсто наведуваат линкови/референции до нивните профили на социјалните медиуми, а 21 отсто обезбедуваат он-лајн нарачување или резервирање.

Како што соопшти Државниот завод за статистика, повикувајќи се на податоци од јануари 2017 година, широкопојасен пристап на интернет, преку фиксна или мобилна конекција, имале 91,2 отсто од деловните субјекти со десет или повеќе вработени.

Пристап до интернет преку пренослив уред, употребувајќи мобилна телефонска мрежа (3G/4G) имале 63 проценти од деловните субјекти. Ваков тип мобилна поврзаност на интернет преку преносливи уреди ноутбук, лаптоп, смартфон, телефон PDA,… за деловна намена користеле 14,5 отсто од вработените во деловните субјекти, додека 54,2 процента користеле социјални медиуми, Facebook, LinkedIn, Twitter, Present.ly, YouTube, Flickr, Picassa, алатки Wiki,…, односно имале кориснички профил, сметка или лиценца за користење одреден социјален медиум. 

Во 2016 година, 10,3 отсто од деловните субјекти со 10 или повеќе вработени воделе е-трговија, купувале или продавале стоки или услуги преку компјутерски мрежи (веб или EDI). Притоа, е-продажба реализирале шест проценти, а е-купувања 5,8 отсто.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Интернет

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.