Интернет
Фејсбук и Твитер ги менуваат правилата за политичко рекламирање
Социјалните мрежи Фејсбук и Твитер синоќа објавија дека ги менуваат своите правила за политичко рекламирање.
Твитер соопшти дека од сега огласувачите на политички реклами во САД ќе треба да се идентификуваат и да докажат дека се наоѓаат во земјата, со доставување на адреса за коресподенција.
Новите правила ќе се однесуваат на сите реклами чии содржини би можеле да влијаат на изборни разулати или на политичкото расположение.




