Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ФОТОГАЛЕРИЈА: ФИНКИ одбележа пет години постоење

Наука

ФОТОГАЛЕРИЈА: ФИНКИ одбележа пет години постоење

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) вчера одбележа пет години од основањето.

На свеченоста присуствуваше и министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска која им врачи награди на најдобрите студенти со средна оценка над 9,5.

На прославата дипломи добија и сите завршени и магистрирани студенти од 2015-та година.

– Освен роденденот, денеска го прославуваме и дипломирањето и магистрирањето на 181 кандидат. Овие колеги го положија и последниот испит и во истиот момент станаа најдобрите информатички дипломци во нашата земја, истакна деканот на ФИНКИ Иван Чорбев, изразувајќи благодарност на Министерството за информатичко општество и администрација за континуираната поддршка.

IMG_0006

ФИНКИ е формиран во 2011 година, во рамки на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ). Како дел од УКИМ, е најголем и најпрестижен ваков факултет во Македонија, а исто така е и меѓу најголемите факултети за информатичка технологија (ИТ) во регионот.

Вечерва прославата на пет години од основањето на факултетот продолжува со студентска забава во ноќниот клуб „ХО“, со почеток на полноќ.

1235460_1523376837968838_8723820166155675455_n[1]

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Наука

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.