Creative
СПЕЈС АПС ЧЕЛИНЏ: Македонските тимови четврта година по ред ќе работат за НАСА
Tимови од целиот свет оваа година повторно ќе бидат предизвикани од НАСА да понудат решенија за некои од глобалните проблеми и да внесат иновации во животот на Земјата и во Вселената.
Хакатонот “Спејс апс челинџ” на НАСА е интересен и специфичен пред се поради предизвикувачкиот карактер и огромните можности кои ги нуди. Со реализацијата на овој натпревар, НАСА има можност да го идентификува младиот амбициозен кадар низ светот, да развие соработка во самите тимови, како и приватниот и државниот сектор, а потоа да понуди можност за доработка на проектите со цел постигнување на интернационална видливост.
„Њуменс бизнис акцелератор“, македонско-американската компанија е организатор на натпреварот во Македонија и по четврти пат го прави овој уникатен настан достапен и за македонските учесници.





