Creative
Гласајте за Македонците кои се борат за главната награда на НАСА
Четврта година по ред, „Њуменс бизнис акселераторот“ успешно го организира натпреварот „Спејс апс челинџ“ на НАСА, кој и оваа година ги обедини сите млади креативни умови на едно место, кои во период од 48 часа континуирана работа креираа инспиративни решенија за глобални предизвици кои ги постави Американската вселенска агенција.
Еден од тимовите победници во Скопје во категоријата „Избор на публиката“ – тимот Авис, со своето иновативно решение успешно ја помина претселекцијата од врвни експерти од НАСА и успеа да се пласира помеѓу најдобрите 25 тимови на светско ниво.
Во моментот се прв тим според гласовите на публиката, но потребна им е нашата поддршка за да победат и да присуствуваат на лансирање на ракета во „Кенеди спејс центарот“ на НАСА.




