Наука
Од 13-ти до 20-ти јуни ќе се одржи втората Интернационална академија за младинско вмрежување
По минатогодишниот масовен успех, и оваа година во периодот од 13-ти до 20-ти јуни, 2016 година во просториите на хотелот Молика ќе се одржи втората по ред Networking 101: Интернационална академија за младинско вмрежување.
Истата има за цел обединување на млади ширум светот преку знаење и проактивност и тоа со цел поттикнување позитивна промена, на локално и глобално ниво. Како показател за ова е и фактот што се очекуваат учесници од повеќе од 20 земји низ 5 континенти.
Проектот истотака нуди можност за стекнување нови вештини, унапредување на својот лидерски потенцијал, работа во тим како и изучување на практични и детални елементи во склоп на семинарите наведени подолу. Надвор од ова, учесниците истотака ќе имаат можност да се запознаат и со значителен број на експерт гости како и да учествуваат на бројни networking сесии.





