Интернет
Интернет пребарувачот Гугл денеска го слави својот 17 роденден
Најмоќниот интернет пребарувач денеска го слави својот 17 роденден.
Овој интернетски гигант е основан на 27 септември 1998 година, а негови основачи се Лери Пејџ и Сергеј Брин. Двајцата го креирале Гугл во гаража во Силиконската долина под име BackRub.
Името Google е добиено поради печатна грешка, било планирано Googol, што значи број со многу нули.




