Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Твитер ќе им дозволи на медиумите да наплаќаат за своите новинарски текстови

Интернет

Твитер ќе им дозволи на медиумите да наплаќаат за своите новинарски текстови

Сопственикот на Твитер, Илон Маск, објави дека социјалната мрежа од следниот месец ќе воведе нова опција за медиумите да наплатат за читање на нивните статии.

Според Маск, оваа опција ќе им овозможи на корисниците кои не сакаат да се регистрираат за месечна претплата да плаќаат повисока цена по напис кога сакаат да прочитаат статија.

Тој исто така изјави дека новата опција треба да биде од голема корист за медиумите, како и за јавноста. Од кога Маск ја презеде компанијата во октомври минатата година, тој воведе низа промени во обид да зголеми приходите на Твитер, откако платформата забележа пад на приходите од рекламирање, информира „Гардијан“.

Помеѓу другото, Маск го намали бројот на вработени во Твитер од 7.500 на околу 1.500 луѓе.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Интернет

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.