Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ИСТРАЖУВАЊЕ: Ајфон и Ајпад се показатели за богатството

Мобилни

ИСТРАЖУВАЊЕ: Ајфон и Ајпад се показатели за богатството

Сопствениците на уреди како што се АјФон или АјПад имаат висок социоекономски статус во САД, се наведува во студијата на Универзитетот од Чикаго и Националното биро за економски истражувања.

Според податоците за 2016 година, ниту еден друг бренд не покажува таков предвидлив висок степен на приход како АјФон на „Епл“. Економистите забележуваат дека речиси седум од десет сопственици на АјФон заработуваат повеќе од другите.

Со други зборови, сопствениците на АјФон во САД речиси гарантирано ќе влезат во горниот дел на скалата на приходи меѓу различните групи Американци. Податоците од истражувањето не го објаснуваат влијанието на АјФон Х, кој излезе во ноември 2017 година, чија почетна цена е илјада долари без договор со оператор.

Богатите луѓе меѓу сопствениците на Ајфон се 69,1 отсто, додека сопствениците на Ајпад – 66,9 проценти, покажуваат податоците од истражувањето.

Меѓу сопствениците на уреди со Андроид, 59,5 отсто од корисниците имаат висока плата.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Мобилни

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.