Интернет
Милион Македонци имаат „фејсбук“ профил
Во Македонија интернет користат 1.583.315 лица или 75,9 отсто од населението, а милион (48 проценти) се приклучени на социјалната мрежа Фејсбук, покажуваат податоците на специјализираниот статистички веб сајт „Интернет ворлд стат“.
Кај бројот на интернет корисници, споредено со крајот на октомври лани, има зголемување за 80.000, а нема промени кај податокот за корисници на Фејсбук.
Од земјите во регионот повеќе од Македонците интернет користат во Хрватска (90,9 проценти), Босна и Херцеговина (80,7 проценти) и Словенија (79,9 проценти). Зад Македонија се рангирани Србија (72,2 отсто), Грција (70,1 процент), Црна Гора (69,9 отсто) и Бугарија (66,3) проценти.




