Sci-fi
Какви се подобрувањата во Apple Watch 4?
Четвртата серија на Apple Watch е долгоочекуваниот нов паметен часовник кој ги нуди првите големи промени во дизајнот од премиерата на оригиналниот модел, кој излезе во 2015-та.
Уредот има дисплеј со минимална рамка, помоќен хардвер и е за околу 30 отсто поголем па размери. Сепак, Apple Watch 3 е потенок и полесен од својот претходник. Иновативниот паметен часовник поддржува поголема резолуција и има дополнителни пиксели кои го подобруваат квалитетот на сликата.
Стандардниот приклучок за микрофон се наоѓа помеѓу физичкото копче на рамката и дигиталната круна (Digital Crown), што гарантира кристален звук. Новиот модел е опремен со 64-битен, двојадрен процесор кој е двојно побрз од претходната генерација. Уредот користи подобар акцелерометар и жироскоп, како и итна функција SOS. Паметниот часовник исто така нуди и дополнителни можности за следење на вашите секојдневни вежби.




