Мобилни
„Instagram Stories“ веќе поддржува шест нови „Суперзум“ ефекти на камерата
Инстаграм ја ажурира својата популарна апликација, која сега нуди многу интересна функционалност.
Корисниците сега ќе можат да користат шест нови „Суперзум“ (Superzoom) ефекти кон приказните кои ги „закачуваат“ на своите профили.
Тука е моментот да кажеме дека „Суперзум“ се активира од камерата на паметните телефони и ви овозможува да креирате кратки клипови во траење од три секунди. Обично, секое видео може да се прилагоди со дополнителни ефекти и анимации.




