Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Македонец заработи 3.4 милион долари во светски турнир на играта Дота 2

Creative

Македонец заработи 3.4 милион долари во светски турнир на играта Дота 2

Мартин Саздов, во светот на гејмингот познат како „Сакса“, е еден од најдобрите играчи  „Dota 2“ играчи во светот.

Тој заедно со неговиот американски тим „Digital Chaos“ беше дел од натпреварот „Dota 2 International 2016“, светски познат настан на кој се собираат најдобрите гејмери од цел свет и се натпреваруваат за повеќе од милион долари.

Саздов заедно со неговиот тим „Digital Chaos“ стигнаа до големото финале кое се одржуваше во Сиетл. Во финалето изгубија со 3:1 од тимот „Wings“, меѓутоа и второто место претставува неверојатен успех.

Наградниот фонд на годинешниот турнир надминуваше 20 милиони долари – победничкиот тим заработи 9.1 милиони долари, а тимот на Саздов заработи 3.4 милиони долари.

Саздов е првиот Македонец кој се натпреварува на овој турнир.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Creative

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.