Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Проблеми за Google – уште еден телефон се самозапали и покрај безбедносното ажурирање

Мобилни

Проблеми за Google – уште еден телефон се самозапали и покрај безбедносното ажурирање

Google повторно се соочува со сериозен предизвик откако беше пријавено ново спонтано запалување на моделот Pixel 6a, предизвикувајќи вознемиреност кај корисниците ширум светот.

На технолошкиот форум Reddit, корисник со прекар footymanageraddict сподели драматично искуство – неговиот Pixel 6a се запалил додека се полнел преку ноќ. Инцидентот се случил додека спиел, само неколку десетици сантиметри од уредот.

„Се разбудив од неподнослив мирис на чад и звук на нешто што гори,“ пишува тој. Телефонот бил целосно уништен, а штети претрпеле и неговата постелнина, како и клима уредот. Корисникот дури пријавил болки во грлото поради вдишаниот чад.

Маркетинг

Она што ја прави ситуацијата уште поалармантна е тоа што уредот бил ажуриран со последната безбедносна надградба од Google, наменета токму за спречување на прегревање и ризик од запалување. Споменатата надградба – позната како „Battery Performance Program“ – беше воведена за да ја ограничи моќноста на полнење кај постарите уреди.

Сепак, во овој случај, полначот што бил користен не е оригиналниот Google адаптер, туку 45-ватен полнач за Steam Deck, што потенцијално ја влошило состојбата.

Ова е петти документран случај на самозапалување на Pixel 6a во последните 12 месеци, но прв што се случил по имплементацијата на новиот безбедносен софтвер. Австралиската агенција за заштита на потрошувачите (ACCC) веќе издаде официјално предупредување, посочувајќи дека одредени серии од овој модел имаат потенцијален фабрички дефект кај батеријата.

Од Google засега нема официјален коментар за најновиот случај, но компанијата во минатото апелираше до корисниците со стари уреди и повеќе од 400 циклуси на полнење да ја заменат батеријата или самиот телефон. Тие исто така препорачуваат користење на официјални полначи и додатоци.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Мобилни

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.