
Мобилни
Епл го претставиот новиот поевтин iPhone од моделот SE
Компанијата Епл денeска го претстави новиот буџетен Ајфон од серијата СE, во црна, црвена и бела боја.
Вградената меморија е од 64, 128 и 256 ГБ и цената зависи од меморијата. На американскиот пазар ќе се продава по 399, 449 или 549 долари, зависно од капацитетот на меморијата.
Овој модел е наменет за корисниците кои сакаат помал екран и кои не се во можност да платат од 800 до 1.100 долари за моделите од серијата 11.



