
Мобилни
#ОСТАНИДОМА: Топ 5 апликации со кои времето брзо ќе ви минува!
Моменталната изолација на секој од нас делува различно. Некои ги исчистија своите домови, некои почнаа со вежбање, а некои сè уште го бараат својот „издувен вентил“.
Ако сте вие еден од нив, пробајте една од интересните апликации, со кои би можеле да си го исполните времето и да излезете од изолација со побогато знаење и искуство.
Makedonika
Дали знаевте дека Фондацијата Македоника има мобилна апликација насловена како Makedonika, во која можете да читате бесплатни е-книги на македонски јазик? Прекрасна шанса да уживате во различните светови на книгите додека сте дома преку најголемата е-библиотека на македонски јазик, полна со богати домашни и странски наслови и тоа дури и кога не сте поврзани на интернет. Потребно е само да се регистрирате и вашите одбрани е-книги започнувате да ги додавате на полицата „Мои книги“, а со помош на подесувањата може да се менува видот и големината на фонтот, маргините, боите, позадините.



