Мобилни
Искористи го летото до крај и забавувај се максимално со Galaxy Z Fold5!
И овој септември го дочекуваме со температури како во пик на летото, но и покрај тоа, календарски ни останува уште малку од најтоплото годишно време, кое воедно секогаш е исполнето со најмногу забава, најлуди авантури, журки и моменти за паметење. А постои ли подобар начин тие моменти да се овековечат некаде освен во твојот телефон како дигитални записи? Не постои, и токму затоа тука е новиот Samsung телефон на преклоп Galaxy Z Fold5 кој може да биде мултинаменски уред за каква и забава да одбереш.
Зошто токму овој модел е нај-телефон за забава?
Да започнеме можеби од најглавната карактеристика за оваа намена, а тоа е големиот екран. Телефонот на преклоп Galaxy Z Fold5, кога е отворен ти овозможува главен екран од 7,6 инчи. Фолд моделите секогаш биле карактеристични по тоа што кога се користат отворени, величината на екранот се дуплира и така добиваш уред во величина на твојот таблет. Овој најнов модел на Galaxy Z Fold5 по својот дизајн и изработка е врв помеѓу Foldables телефоните на Samsung, бидејќи доаѓа со подобрени карактеристики на тежина од само 253 грама и дебелина на телефонот од 13,4 мм., со нова шарка со двојна шина за илјадници пати да можеш да го отвараш и затвараш при што линијата каде што се преклопува нема ни да ја забележиш, и уште повеќе зајакнат со алуминиумска рамка која дополнително го штити од оштетувања.







