Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Извонредниот Galaxy S24+ со функции како никогаш досега!

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Мобилни

Извонредниот Galaxy S24+ со функции како никогаш досега!

Новата серија Galaxy S24 донесе екслузивен новитет во светот на мобилните телефони од премиум класата, отпочнувајќи ново поглавје во корисничкото искуство.

Станува збор за унапредување на веќепостоечките и додавање на нови функции со Galaxy AI* вештачката интелигенција благодарение на кои користењето на мобилниот телефон сега станува друга, поинтелигентна приказна. Ако го земеш во рака Galaxy S24+ веднаш ќе го забележиш и почувствуваш беспрекорниот дизајн и совршената големина на овој уред. Достапен во 4 префинети бои – кобалт виолетова, килибарна жолта, оникс црна и мермерно сива, Galaxy S24+ е дополнително зајакнат со алуминиумска рамка (Aluminium Armor) за уште поголема издржливост за сите твои авантури кои те очекуваат. И овој модел нуди уште поперсонализирани опции да си генерираш wallpaper на телефонот токму каков што одговара на твојот стил. Со One UI 6 персонализацијата е загарантирана, како и твојот личен избор на стилови, икони, виџети и др. на насловниот екран.  

Што ново донесува Samsung Galaxy S24+ ? 

Бројни можности за олеснување на секојдневието со помош на твојот Galaxy S24+ ти се на дланка. Отсега скоро веќе и да не постојат бариери при комуникацијата на странски јазици, затоа што функцијата Interpreter, која може да ја користиш дури и без интернет, ќе ти овозможи разговорот со соговорникот до тебе веднаш да биде преведен и прикажан на поделен екран на кој транскрипцијата ја читате и двајцата во реално време. Тука е и функцијата Помош за разговор (Chat Assist) која ќе ја усоврши твојата пишана комуникација, па така, ќе го направи твојот текст да звучи љубезно, кежуал, професионално, зависно од тоа која ти е намерата, и воедно ќе ти предложи опции за кратки фрази. Исто така, и веќе познатата апликација Samsung Notes ја добиваш значително подобрена со Помош за белешки (Note Assist) со шаблони со кои фаќањето на белешки ти е олеснето бидејќи на крај ги добиваш твоите забелешки организирано во структуиран формат. Функцијата Помош за транскрипција (Transcript Assist) исто така поддржана вештачка интелигенција и технологија за транскрипција, е извонредна алатка за генерирање на текст како резиме од подолга содржина или пак од разговор, и колку и да звучи неверојатно – од говор во текст.  

Со новиот Galaxy S24+ добиваш и нова феноменална функција за пребарување наречена Заоружи за пребарување (Circle to search). Со долго притискање на почетното копче можеш да заокружиш било кој предмет на екранот што во моментот го гледаш, и веднаш ќе добиеш Google резултати од пребарувањето, како и генеративни прегледи овозможени од вештачката интелигенција кои ќе ти обезбедат корисни информации и контекст собран од целиот интернет за тоа што го бараш.

Освен придобивките од вештачката интелигенција во твојата пишана комуникација, пребарувањето или отстранувањето на јазичните бариери, Galaxy AI прави чуда и со твоите фотографии, видеа и креативна експресија.  S24+ доаѓа со селфи камера од 12 MP и тројна задна камера што ја сочинуваат широкоаголна камера од 50 MP со 2х зум со оптички квалитет, ултраширока камера од 12 MP и камера од 10 MP со 3x оптички зум. Со режимот на портрет со 2х и 3х зум ќе можеш да снимаш динамични крупни кадри. Новата функција ProVisual engine, која ја користи моќта на AI зумирањето, добиваш подобрени детали и бои за чисти и живописни слики со висока резолуција, дури и на растојанија за дигитален зум. На слаба светлина твоите фотографии ќе бидат совршени со помош на функцијата Nightography, а благодарение на ISP Block, ќе можеш Nightography да ја аплицирате и на Niсо селфи камерата. А фантастичното уредување на сликите со Generative Edit и со помош на AI отвара нови хоризонти за крајниот визуелен производ, па така, доколку не успеа да го фатиш кадарот како што сакаш, со оваа опција ќе можеш да ја пополниш позадината, да ги отстраните несаканите предмети, геометриски да ја подесиш сликата и сл. 

Едно е сигурно – со неверојатните функции со вештачката интелигенција и користењето на Galaxy S24+, ќе  доживееш искуство со мобилниот телефон како никогаш досега!

*Функциите на Galaxy AI ќе бидат достапни бесплатно барем до крајот на 2025 година на поддржаните уреди Samsung Galaxy. 

Повеќе информации за Galaxy S24+ прочитајте на линкот:

https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-s24/

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Мобилни

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.