Мобилни
Samsung Galaxy AI пристигна во Македонија! (ФОТО)
Официјалниот почеток на продажбата на долгоочекуваната серија паметни телефони Samsung Galaxy S24 засилени со вештачка интелигенција (AI) компанијата Samsung го прослави во скопскиот ресторан „Ботаника“. Сите присутни можеа на лице место да ги испробаат иновативните функции на фотографирање и снимање со помош на новите функции Galaxy AI од легендарната серија S во трите зони поставени во ресторанот.
На промоцијата беше истакнато дека е ова почеток на третата фаза на мобилни телефони. „Првата фаза беше пристигнувањето на интернетот на телефоните, втората фаза беше инсталирањето на врвните системи за камери, а Samsung Galaxy S24 ја започнува третата фаза, која е фаза на вештачка интелигенција на мобилните телефони“ рече Марјан Блажески, раководител на секторот за мобилна комуникација и ги претстави ѕвездите – паметните телефони Samsung Galaxy S24+ и Galaxy S24 и Galaxy S24 Ultra.
„Лансирањето на серијата Galaxy S24 го демонстрира нашиот првичен чекор кон нова ера на телефони со вештачка интелигенција што ги надминува сегашните паметни телефони“, рече ТМ Рох (TM Roh), претседател и раководител на Mobile eXperience Business во Samsung Electronics. „Дизајниран да биде суштински дел од нашиот секојдневен живот, Galaxy AI трајно ќе го промени начинот на кој луѓето комуницираат со светот. Едвај чекаме да видиме како нашите корисници го подобруваат и го зајакнуваат својот секојдневен живот со Galaxy AI за да отворат бескрајни можности“.





