Македонски телеком се уште лидер во мобилната телефонија
Бројот на активни претплатници во мобилната телефонија во државава во последниот квартал лани изнесувал 1.969.109. Реализиран е сообраќај од 1.387.086.595 милијарда минути, од кои 1.198.245 минути се сообраќај од претплатници на домашен оператор при роаминг надвор од државата, покажува последниот извештај на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) за состојбата на пазарот на електронски комуникации.
Во последниот квартал од минатата година бројот на претплатници со пристап до интернет со широк и тесен опсег преку мобилна мрежа изнесува 1.348.134.
Во вкупниот број на активни претплатници во четвртиот квартал лани најголем удел има оне ВИП со 49,25 проценти, по што следи Македонски телеком со 48,6 проценти, додека Лајкамобајл учествува со 2,15 проценти.




