Македонски Телеком со нова Magenta 1 за сите
Македонски Телеком воведе нова Magenta 1, флексибилна понуда со најдобриот избор на услуги за сите. Во понудата се вклучени повеќе комбинации кои корисниците можат сами да ги изберат преку интерактивната веб страница достапна за сите видови екрани, а со секоја комбинација следуваат дополнителни можности и поволности.
Новата Magenta 1 вклучува повеќе мобилен интернет во домашна мрежа и 1 GB мобилен интернет во роаминг во речиси сите земји во светот, цело лето. Промотивно корисниците добиваат и бонус од 16 000 денари за нов телевизор или смартфон.
Со MaxTV Go можат да се следат омилените домашни и странски ТВ канали од каде било и преку кој било уред на кој има интернет. Новата Magenta 1 нуди и врвна онлајн заштита за децата при користење на интернет со Kaspersky Safe Kids, како и можност за подобар Wi-Fi сигнал во домот со Speed port Plus рутер.




