Промо
Македонски Телеком со моќна кампања за вистинско поврзување: да направиме место за емпатија, разбирање и блискост
- Поттик за отвореност, меѓусебно разбирање и дигитален оптимизам
- Делата на Горан Стефановски како инспирација
Македонски Телеком ја започнува кампањата „Да направиме место“ со којашто поттикнува и инспирира отвореност и меѓусебно разбирање коишто се важни за вистинско поврзување.
Денес, преку дигиталните технологии, ние сме поврзани повеќе од кога било. Но со години наназад живееме во несигурност и криза, ја губиме довербата во другите, вербата во подобра иднина, се изолираме и се затвораме, и сè посклони сме кон конфликти и нетолеранција. Според истражувањeто, ова најмногу ги допира младите со интензитет којшто забрзано расте последните неколку години. И покрај тоа што живееме во поврзан свет, сепак не сме вистински поврзани.






