Новиот Huawei P30 lite кој нуди 48 мегапикселов поглед кон реалноста достапен и во земјава
Huawei P30 серијата, која беше претставена на посебен настан во Париз кон крајот на март, наметна целосно нови стандарди во светот на мобилната фотографија. За прв пат во историјата, камерата за паметни телефони може да ги надмине ограничувањата на човечкото око, снимајќи светли и детални слики во било каков вид на осветлување.
Сега, помалку од два месеци подоцна, на пазарот излезе Huawei P30 lite за да понуди висококвалитетна камера по поволна цена за секој што сака да го гледа светот на нов начин.
Новиот P30 lite обезбедува фотографија со ултра висока резолуција. Моделот има иновативна 48-мегапикселна камера која им овозможува на корисниците да фотографираат длабочина и детали за кои до неодамна можеа да сонуваат.




