Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Откријте ја моќта на вештачката интелигенција во новите телефони од серијата Galaxy S24

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Мобилни

Откријте ја моќта на вештачката интелигенција во новите телефони од серијата Galaxy S24

Замислете телефон кој не само што ги разбира вашите зборови, туку ги предвидува вашите потреби, ги обликува вашите спомени и ги надминува сите ваши очекувања кои сте ги имале од мобилната технологија.

Ова не е приказна од иднината, туку реалноста што ја носи Samsung со новата серија Galaxy S24. Влезете во свет каде што вашиот паметен телефон е повеќе од само алатка, туку е ваш личен асистент, креативен партнер и прозорец кон светот на бескрајни можности.

Вештачка интелигенција на дланка

Срцето на новата серија телефони Galaxy S24 Ultra, Galaxy S24+ и Galaxy S24 е Galaxy AI*, систем за вештачка интелигенција кој бескрајно се прилагодува на потребите на корисникот. Вештачката интелигенција не само што ги подобрува основните функции на телефонот, туку и отвора нови хоризонти во комуникацијата и креативноста.

Комуникација без јазични бариери сега е реалност. Со двонасочен глас и превод на текст на повиците во реално време, функцијата Превод во живо (Live Translate) ги елиминира јазичните бариери. Дополнително, функцијата за помош за транскрипција (Interpreter) овозможува инстант превод на разговори со поделен екран, што е особено корисно во меѓународна деловна средина или додека патувате.

Пребарување надвор од границите

Серијата Galaxy S24 поставува нови стандарди во онлајн пребарувањето. Функцијата Заокружи за пребарување (Circle to Search) им овозможува на корисниците брзо да најдат информации за објект на слика, личност во видео, нешто во портрет итн. со едноставно притискање и држење на почетното копче и гестови на екранот (заокружување). Иновацијата на Google претставува пионерски чекор во интуитивното пребарување, отворајќи ја вратата за нови димензии на истражување и поврзување со дигиталниот свет.

На чело на оваа иновативна серија е Galaxy S24 Ultra, кој е прв телефон од ваков вид опремен со мобилната платформа Snapdragon® 8 Gen 3 Galaxy. Процесорот, специјално адаптиран за серијата Galaxy, носи значителни подобрувања во невроморфната обработка (NPU), што овозможува вештачката интелигенција да работи со исклучителна ефикасност. Од брзи одговори на вашите команди до напредна обработка на податоци, S24 Ultra е дизајниран да работи беспрекорно во секое време.

Сите три верзии на серијата S24 – Ultra, Plus и стандардниот модел – можат да се пофалат со прилагодливи стапки на освежување на екранот од 1 до 120 Hz. Оваа динамика на прилагодувањето осигурува дека сликите на екранот се секогаш течни и кристално јасни, без разлика дали читате, прелистувате интернет или играте игри.

Кога сме кај игрите, Galaxy S24 Ultra е рај за љубителите на мобилни игри. Благодарение на подобрувањата на хардверот и софтверот, игрите се одвиваат непречено и без прекини на овој телефон. Оптималниот систем за термичка контрола, кој е речиси двојно поголем од оној на неговите претходници, значи дека телефонот се загрева помалку при интензивна употреба, обезбедувајќи постојани перформанси и долготрајна издржливост.

Не можеме ни да го занемариме напредокот во дизајнот. Galaxy S24 Ultra може да се пофали со Corning® Gorilla® Armor стакло, кое не само што го штити екранот од гребнатини и удари, туку и ги намалува рефлексиите до 75%, овозможувајќи поудобно гледање во различни услови на осветлување.

Со најсветлиот екран во историјата на Galaxy, серијата Galaxy S24, која достигнува осветленост до 2600 nits, секоја слика, видео или мобилна игра изгледа неверојатно живописно и волшебно. Во исто време, функцијата Vision Booster дополнително ја подобрува видливоста на отворено, што значи дека вашите екрани се видливи дури и во најсветлите сончеви денови.

Со своите потенки и изедначени рамки, целата серија Galaxy S24 нуди поголеми екрани без зголемување на физичката големина на телефонот. Galaxy S24+ може да се пофали со дисплеј од 17 сантиметри (6,7 инчи), додека Galaxy S24 импресионира со дисплеј од 15,7 сантиметри (6,2 инчи). Galaxy S24 Ultra се издвојува со рамен екран од 17,2 сантиметри (6,8 инчи), кој е оптимизиран и за гледање и за продуктивност.

Специјална промотивна понуда

Серијата Galaxy S24 донесе извонредни иновации во мобилната технологија заснована на можностите со вештачката интелигенција. Со потенки рамки и поголеми екрани, корисничкото искуство е подигнато на ново ниво. Дополнително, функциите кои ја користат моќта на вештачката интелигенција го менуваат нашето секојдневние, носејќи го на сосема поинакво ниво. Во исто време, Samsung цврсто ја одржува својата посветеност за заштита на приватноста на корисниците, која добива уште поголемо значење во ерата на развој на вештачка интелигенција.

Телефоните од серијата Galaxy S24 се веќе достапни кај нас на промоција за преднарачка, која трае до 24 јануари 2024 година. Со преднарачката на паметните телефони од серијата Galaxy S24, добивате големи придобивки: повеќе простор за складирање за цената на основната верзија. Посетете ја веб-страницата на Samsung и прочитајте ги правилата и услови на промоцијата.

*Функциите на Galaxy AI ќе бидат достапни бесплатно барем до крајот на 2025 година на поддржаните уреди Samsung Galaxy

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Мобилни

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.