Sci-fi
НАСА лансираше ласер во Вселената за мерење на топењето на мразот на Земјата
Американската Национална аеронаутичка и вселенска администрација (НАСА) од базата „Ванденберг“ во Калифорнија ја лансираше ракетата „Делта 2“, која во Вселената го однесе инструментот „Ајссат-2“, чија задача ќе биде да го мери топењето на мразот на Земјата.
– Оваа мисија е исклучително важна за науката, изјави раководителот на програмата на НАСА, „Ајссат-2“, Ричард Слонакер.
Претходната слична мисија на НАСА, „Ајссат“ траеше од 2003 до 2009 година, од кога агенцијата нема орбитален уред со кој би ја мерела дебелината на ледената покривка на Земјата.




