Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Нова ера во образованието: Промовиран дигитален прирачник за социјално претприемништво во скопската гимназија „Корчагин“

Образование

Нова ера во образованието: Промовиран дигитален прирачник за социјално претприемништво во скопската гимназија „Корчагин“

Во скопската гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин“ денеска беше претставен револуционерен дигитален прирачник кој ќе им помогне на професорите да ги воведат учениците во светот на социјалното претприемништво и филантропијата – со помош на вештачка интелигенција, Канва, селфи и други дигитални алатки!

Проектот „Students Today, Responsible Entrepreneurs Tomorrow – Teacher Toolkit 2“ е резултат на соработката меѓу гимназии и невладини организации од Македонија, Литванија, Италија и Романија.

Професорката Татјана Голчева, која предава англиски јазик и иновации, ја иницирала оваа дигитална алатка, објаснувајќи дека таа не е наменета само за професорите по претприемништво, туку и за сите кои сакаат да ги модернизираат своите часови.

Маркетинг

„Прирачникот содржи готови часови со елементи на социјално претприемништво и филантропија, подготвени за различни предмети“, изјави Голчева.

Како што појасни Лидија Стојчева, помошник-директорка на гимназијата, прирачникот е преведен на македонски, романски и литвански јазик, може бесплатно да се преземе од веб-страницата на проектот stret.tt.2.

Ова е само почеток! Останува да видиме како овој дигитален прирачник ќе влијае на новите генерации иновативни и општествено одговорни млади лидери!

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Образование

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.