Образование
Најавено 9-то издание на Студентската конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој – СКЕЕОР 2021
Деветтото издание на Студентска Конференција за Енергетска Ефикасност и Одржлив Развој – СКЕЕОР 2021, оваа година ќе се одржува во периодот од 13.12 до 16.12.2021.
Конференцијата СКЕЕОР 2021 е поддржана од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), а претставува единствена конференција во регионот и пошироко која е организирана од студенти за студенти и која третира тематики како енергетската ефикасност. На истата, учество со свои трудови може да заземат студенти на додипломски и постдипломски студии и академски членови.
Дополнително, преку предавања и панел дискусии компаниите имаат можност да ги прикажат своите добри практики за енергетски ефикасно и одржливо работење. Исто така, сегмент од конференцијата е наменет и за средношколците заинтересирани за оваа област.




