Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Повикување на шестмесечна пауза во развојот на GPT-4 поради можните ризици по човештвото и општеството

Наука

Повикување на шестмесечна пауза во развојот на GPT-4 поради можните ризици по човештвото и општеството

Американскиот мултимилионер Илон Маск и група на експерти за вештачка интелигенција повикуваат на шестмесечна пауза во развојот на системи помоќни од неодамна стартуваниот GPT-4 поради можните ризици по општеството и по човештвото.

Непрофитниот институт „Иднина на животот“, потпишан од над 1.000 луѓе, вклучувајќи го и Маск, објави отворено писмо во кое се повикува на пауза во развојот на напредните вештачки интелигенции се додека независни експерти не донесат безбедносни протоколи.

Во писмото се укажува на можните ризици од аспект на економсии и политички пореметувања, а програмерите се повикуваат да соработуваат со властите и со регулаторните тела. Нивната грижа е во насока на предупредувањето од Европол, кој во понеделникот укажа на бројните етички и легални проблеми кои ги донесе ChatGPT, а се однесуваат на можната злоупотреба за сајбер напади, ширење дезинформации и сајбер криминал.

GPT (Generative Pre-trained Transformer) на компанијата OpenAI, во соработка со Microsoft, е програма која ги освои корисниците поради широките можности за употреба – од компонирање песни до сумирање на долги текстови.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Наука

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.