Технологија
„Дигитализација, сега!“: Вебинари за дигитализација за мали и средни бизниси
Дигиталните алатки стануваат сè понеопходни за бизнисите, а нивниот трансформативен ефект најмногу дојде до израз во време на Ковид-19 пандемијата која преку ноќ го смени начинот на кој се работи.
Дигитализацијата е тука и ќе остане, а успехот на бизнисите ќе зависи од нивната подготвеност за дигитална трансформација. И покрај тоа што постои мит дека дигитализацијата е комплексен процес кој бара експертиза, напротив станува збор за многу едноставен процес, со кој за брзо време ќе направите пресврт во вашето работење.
Македонски Телеком почнува со серија вебинари – „Дигитализација, сега!“ за вистинските чекори за дигитална трансформација и за приближување на дигиталните услуги до малите и средни претпријатија.




