
Технологија
A1 Македонија ја најавува третата годишна конференција “Women in Digital 2021”
Телекомуникациската компанија А1 Македонија со задоволство ја најавува третата годишна конференција “Women in Digital 2021“ која ќе се одржи на 8 април со почеток во 13 часот, оваа година во целосен он-лајн формат чија содржина за прв пат ќе се емитува во живо преку професионалната мрежа LinkedIn.
Со едноставно вклучување преку LinkedIn на официјалниот профил на А1 Македонија, конференцијата ќе биде отворена за сите заинтересирани што сакаат да слушнат и да се вклучат во дебатата на една од најактуелните светски теми – Вештачката интелигенција и развојот на работните вештини во дигиталната ера.
Истакнати жени–професионалци од реномирани македонски и странски компании ќе дебатираат за потребата од вештачката интелигенција, нејзината примена во работата, како и неопходниот развој и усовршување на потребните вештини за работа.



