Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Добитна комбинација од дизајн и моќ: Запознајте го Samsung Galaxy S24 Ultra

Технологија

Добитна комбинација од дизајн и моќ: Запознајте го Samsung Galaxy S24 Ultra

Во светот на технологија која постојано се менува, Samsung се издвојува како компанија чии уреди се истакнуваат по нивните врвни карактеристики, но и по неодоливиот дизајн. Еден од трите феноменални модели од најновата серија S24 е Samsung Galaxy S24 Ultra, паметен телефон кој е синоним за совршената комбинација на стил и моќ.

Главната придобивка и најголемата иновација претставена во новата серија Galaxy S24 е Galaxy AI* вештачката интелигенција која го подобрува секое искуство од користењето на овој телефон и во огромни размери ја подобрува комуникацијата.

Дизајн за сечиј вкус

Покрај феноменалните перформанси, кои овозможуваат сосема ново корисничко искуство и овозможуваат увид во светот на најмодерната технологија, моделот Samsung Galaxy S24 Ultra може да се пофали и со прекрасниот дизајн кој е нагласен со препознатливиот облик на моделот Ultra со „остри“ рабови, куќиштето за телефонот од титаниум и екранот од 6,8 инчи.

Новитетот на овој телефон е Corning Gorilla Armor стаклото кое го штити екранот од гребнатини и овозможува уредот да изгледа убаво подолго време. Исто така, Galaxy S24 Ultra има ознака IP68 за отпорност на вода и прашина, така што може да издржи во свежа вода до метар и половина длабочина дури до 30 минути.

Овој модел доаѓа во прекрасни, софистицирани бои – титаниум сива, титаниум црна, титаниум виолетова и титаниум жолта. Инспирирана од убавината на земјените елементи, секоја од овие бои е надополнета со нежен сатен за да изгледа како скапоцен камен, па овој телефон сигурно ќе го привлече вниманието на многумина.

Embed video: https://www.youtube.com/watch?v=JGieL587JQg

Ако вашата страст е истражувањето, тогаш ова е дефинитивно телефонот на кој треба да обрнете внимание. Држејќи го Galaxy S24 Ultra, можете да откриете сосема нова димензија на креативност, продуктивност и можности, а тоа е затоа што овој телефон има вештачка интелигенција која ви помага многу подобро да се движите низ светот околу вас. Најпрво, пристигна нов метод за пребарување кој се вика Заокружи и најди (Circle to Search) со чија помош додека се движите низ омилената социјална мрежа, можете да заокружите елемент од сликата со S Pen или со прстот и на тој начин веднаш да пребарувате и да добиете резултати од пребарувањето на Google.

Но, тоа не е сè, сега можете да составите и текстуална порака користејќи ја функцијата со вештачка интелигенција Помош за разговор Chat Assist, при тоа изразувајќи го вашиот став на професионален, пријателски или официјален тон. Сепак, без разлика дали пишувате покомплексна содржина или само запишувате нешто кратко, функцијата Note Assist ќе ве спаси од многу проблеми бидејќи можете само да започнете да пишувате, а подоцна да форматирате сè во концизен, прегледан текст. Слично на тоа, кога пребарувате стари белешки, новите насловни страници се прикажуваат како брз преглед – така што екранот изгледа организирано и лесно можете да го пронајдете она што го барате.

Најдобрата камера меѓу конкурентите

Дека Samsung Galaxy S24 Ultra е синоним за најдобрата камера на пазарот, докажува системот од 5 феноменални камери – широкоаголни камери од 200 MP, камера од 50 MP со 5x оптички зум и 10x оптички квалитет, ултра широка камера од 12 MP, камера од 10 MP со 3x оптички зум и селфи камера од 12 MP.

Со најмногу мегапиксели во еден смартфон и обработка со вештачка интелигенција, Galaxy S24 Ultra поставува нов стандард на квалитет со секоја слика што ја правите. Дополнително, новата ProVisual технологија препознава предмети и ги подобрува боите, го намалува шумот и го истакнува секој детал, па сите ќе ви позавидат на фотографиите кои изгледаат како да се направени од професионалец.

Најдобриот Galaxy S24 Ultra заедно со останатите два модели  од серијата Galaxy S24 се достапни за продажба кај нас од 01.02.2024. 

Повеќе информации за моделот Galaxy S24 Ultra прочитајте на следниот линк:
https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-s24-ultra/

*Функциите на Galaxy AI ќе бидат достапни бесплатно барем до крајот на 2025 година на поддржаните уреди Samsung Galaxy. 

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Технологија

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.