Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Нов испад на Џастин Бибер: Пејачот се судри со фотографите пред кафуле

Шоубиз

Нов испад на Џастин Бибер: Пејачот се судри со фотографите пред кафуле

Џастин Бибер се судрил со фотографите кои го снимале додека влегувал во кафуле со пријателите во Палм Спрингс.

Пејачот веднаш го покри лицето кога забележа фотографи со камери и телефони како го снимаат. “Добро утро”, рекол еден од папараците, на што Бибер одговорил: “Не! Не е добро утро! Веќе знаеш. Зошто си тука?”

Бибер потоа им пришол на папараците и им рекол дека само „сакаат пари“. „Пари, пари, пари, пари, пари“, повторуваше додека гестикулираше со прстите како да бара пари.

Маркетинг

Тој потоа им кажал на фотографите да си заминат. „Тоа е сè за што вие се грижите. Парите. Не се грижите за луѓето. Само парите… Не ви е грижа за луѓето“, рече тој.

Испадот доаѓа помалку од еден месец откако пејачот призна дека има проблеми со бесот во криптична објава. „Имам проблеми со гневот, но сакам да растам и помалку да реагирам“, рече тој.

Инаку, Бибер во последните месеци често е во центарот на вниманието поради загрижувачкото однесување, наводната употреба на дрога и брачната ситуација со сопругата Хејли, со која пред повеќе од половина година го доби синот Џек. И покрај гласините дека парот е на работ на развод, тие и понатаму јавно се појавуваат како хармоничен пар.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.