Технологија
Старт на продажбата на македонскиот пазар на лаптопите од серијата Matebook на Huawei
Од 25 август на македонскиот пазар станува достапна нова категорија паметни производи на технолошкиот гигант Huawei – лесните и преносни лаптопи од Matebook серијата. На македонските корисници на располагање ќе им бидат 4 претставници од оваа серија – моделите Matebook X Pro со 13,9 инчен дисплеј на допир, потоа ултра тенкиот 13 инчен Matebook 13 и елегантните машини од средниот ценовен опсег – Matebook D14 и D15.
Сите модели се одликуваат со FullView дисплеј, елегантнo металнo тело, копче за стартување со препознавање на отпечатоци и поддршка на интелигентни одлики за поврзување на лаптопот и паметниот телефон на Huawei, познати како Multiscreen collaboration или интеракција со повеќе екрани. На овој начин вашиот паметен телефон и лаптопот ќе работат како еден уред, споделувајќи содржини за да овозможат најдобро корисничко искуство, што е и приматот на брендот.
За сите лаптопи од серијата MateBook предвидена е гаранција од 2 години. Huawei во Македонија располага со локална канцеларија и локален сервис. Сервисните услуги вклучуваат и опција „Од врата до врата“ за бесплатна курирска услуга која важи за сите уреди на Huawei на територијата на целата земја.




