Телеком воведува тарифи со неограничен интернет за прв пат на пазарот
Македонски Телеком воведува тарифи со неограничен интернет како одговор на сè поголемата потреба од онлајн работа, забава и комуникација.
„Следејќи ги трендовите, навиките и потребите на корисниците во новото дигитално време, воведуваме тарифи со неограничен интернет. Наша стратешка определба е да ги поврземе корисниците секогаш и секаде и да им овозможиме непречена комуникација. Токму затоа, за прв пат на пазарот, ги претставуваме овие тарифи со неограничен интернет, кој може да се користи засекогаш “. – изјави Бранко Станчев, Главен комерцијален директор за приватни корисници.




