Интернет
„Јутјуб“ вети дека ќе покажува помалку видеа со теории за заговор
„Јутјуб“ објави дека ќе престане да препорачува толку многу видеа, кои вклучуваат конспиративни теории и други лажни тврдења. На овој начин компанијата се обидува да ги адресира тековните критики, дека нејзините алгоритми помагаат во ширењето на дезинформации, пишува „Волстрит журнал“.
Видеа кои може да ги „дезинформират корисниците на штетни начини“, како оние кои тврдат дека Земјата не е тркалезна, или ставаат под прашање кој стои зад терористичките напади од 11 септември, веќе нема да бидат препорачани со таква фреквенција, објави одделот на „Алфабет“ во блог пост.
Промените во алгоритмите се направени по години поплаки дека „Јутјуб“ промовира конспиративни теории.



