Интернет
Започнува со работа првата македонска Асоцијација за е-трговија
Електронската трговија претставува мотор за подобрување на економската состојба на една земја и придонесува кон зголемување на ефикасноста и намалување на невработеноста.
Електронската трговија е од ислучителна важност и за намалување на сивата економија во Република Македонија. Во Република Македонија до сега не постоеше официјално тело чиј домен е токму е-трговијата и нејзинот развој.
Потребата за асоцијација за е-трговија покрај Grouper ја препoзнаа и Бизнис Конфедерацијата на Македонија, Адвокатската канцеларија Станковиќ и Јошевска, порталот Bankarstvo.mk, и Друштвото за копјутерски консултатски услуги ММ Дисоски кои се и основачите на асоцијацијата. Претседател на првата асоцијација за е-трговија во Македонија е Д-р Нина Ангеловска.



