МК Сцена
007 се враќа: „Спектра“ претпремиерно во Cineplexx
На само два дена пред проекциите во САД, на 04 ноември, македонската публика и љубителите на најпознатиот таен агент ќе имаат можност претпремиерно да го погледат филмот „Спектра“. Филмот премиерно ќе биде прикажан во повеќе дневни проекции веќе од 05 ноември.
Криптирана порака од минатото го испраќа Бонд на пат за да ја открие злобната организација. Додека М води битки со политичките сили за да ја зачува тајната служба жива, Бонд ги отстранува слоевите на измама за да се открие вистината зад СПЕКТРА.
Кога станува збор за 24от Џејмс Бонд филм, овојпат насловен „Спектра“, продуцентите на филмот се потрудија да создадат доследно продолжение кое ќе биде рамо до рамо со својот претходник „Скајфол“ кој беше тотален хит на киноблагајните, со заработка од 1.1 милијарда долари. Даниел Крег за четврти пат се појавува во улогата на агентот 007.




