Сцена
Актерите го дознаа конечниот расплет на „Игра на тронови“
Актерите од серијата „Игра на тронови“ го дознаа конечниот расплет, додека публиката ќе чека до 2019 година.
Актерката Софи Тарнер, која ја игра Санса Старк изјави дека последната сцена и оставил горчливо-сладок вкус во устата. Таа додаде дека крајот на приказната и предизвикала тага, но и гордост.
– Продуцентот на целата екипа ни го прочитаа последното сценарио. Беше многу емотивно. Во еден момент сите плачевме. Потоа станавме и почнавме да аплаудираме, истакна Тарнер.




