МК Сцена
Александра Јанева победник на Макфест 2016 (ВИДЕО)
Александра Јанева која ја изведе песната „За сто години“ е победник на 31. издание на Фестивалот за забавна музика „Макфест“. Таа ја освои и наградата за најдобра вокална интерпретација „Драган Каранфиловски –Бојс“.
Симона Попоска со песната „Ќе најдам друг“ е второпласирана и доби 7.500 евра. Таа ја освои и наградата за најдобар сценски настап и доби 1.000 евра. Третопласирана е младата Антонија Гиговска со песната „За нас“, која доби 5.000 евра. Гиговска ја освои и наградата за дебитант која од оваа година го носи името „Душан Љубисавлевиќ-Дуле“ во вредност од 1.000 евра.
Најслушана песна меѓу двата фестивала е „Срце да се отвори“ на Зуица Лазова и Јоце Панов, а Дамир Имери е добитник на признанието за најдобар аранжман „Драган Ѓаконовски-Шпато“.



