Сцена
Швајцарија е победник на Евровизија 2024
Изборот за песна на Евровизија следната година се сели во Швајцарија.
Нивниот претставник Немо со песната „The Code“ во тензичното финале освои најмногу поени, поточно 591, со што го освои првото место на 68-то издание на Евровизија во Малме, Шведска. Победник на публиката убедливо беше Baby Lasagna, кој со својот хит „Rim Tim Tagi Dim“ освои фантастично второ место со вкупно 547 поени.
И покрај обложувалниците кои и дадоа најголеми шанси на Хрватска, домаќин на Евровизија 2025 ќе биде Швајцарија. Третото место и припадна на Украина, четврта беше Франција, а петтото место го зазеде Израел, чие учество беше контроверзно.




