Сцена
Антонија Гиговска: „Ме викаат тетка Антонија ама не сум тетка зошто имам 23 години“
Оваа недела во „Нешто конкретно“ ја разработуваме темата созревање. Што најмногу влијае на созревањето? Годините, прилагодувањето, реагирањето или однесувањето во одредени ситуации? Дали побрзо созреваат мажите или пак жените? Што значи реченицата „остаре ама си остана будала“ дали е тоа комплимемт или навреда?
Своите ставови на оваа тема ќе ги изнесат нашите гости Марко Новески, Кирил Трајковски Максим, Антонија Гиговска и Сања Васовиќ.
Својата зрелост Антонија Гиговска ја доживува откако станува мајка, вели се е поразлично, иако е мајка таа не се чувствува како тетка туку како дадичка бидејќи има само 23 години. Партнерите за неа никогаш не влијаеле во созревањето туку самата околина во која што е растена.






