Сцена
Балетската престава „Госпоѓиците од Авињон“ на сцената на Националната опера и балет
На сцената на Националната опера и балет на 11 април со почеток во 20.00 часот ќе се изведе атрактивната балетска претстава во 9 слики „Госпоѓиците од Авињон“.
Со оваа претстава започнува jубилејното 20. издание на интернационалниот фестивал Танц Фест Скопје 2024, кое ќе има нов концепт и повеќе различни програми, меѓу кои и програмата насловена „Паралели“ во која ќе се прикажат три претстави од репертоарот на Националната опера и балет, со цел да се прикажат современите текови на Националниот балет и да се претстават повеќе домашни кореографи.
Балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“ е инспирирана од истоимената слика на уметникот Пабло Пикасо, зборува за пет жени и нивниот живот, нивната потрага по љубовта, смртта и слободата.



